Close
(0) items
You have no items in your shopping cart.
All Categories
    Filters
    Language
    Search

    4 Работи Кои Треба Да Ги Знаете За ЛЕД Ламбите

    Со нивната растечката популарност и неопходност од користење, ЛЕД ламбите полека прераснаа во глобален моден тренд а секако, за тоа постојат и бројни причини. Денес ќе наброиме 4 од нив.

     

    Лед ламбите ги заштедуваат вашите пари

    Едно американско истражување за користењето на лед осветлувањето од 2012 година покажало дека со користењето на лед ламби кај дел од американските домаќинства заштедено е близу 675 милиони долари во истата година, само поради фактот што во американските домови биле поставени околу 49 милиони лед ламби.

    Доколку овој тренд продолжи во наредните две децении под услов сите жители на САД да инсталираат лед осветлување ќе се заштедат околу 250 милијарди долари на сметките за струја.

    Ако се земат податоци и ако се направи проценка, математиката би била слична и за нашата земја, односно, доколку едно просечно македонско домаќинство кое користи традиционални сијалици ги замени истите со лед ламби би заштедило околу 50 % на сметките за електрична енергија а истовремено би добиле поквалитетно, еколошко и долготрајно осветлување.

     

    Лед ламбите се еколошки во секој поглед

    Секако, лед осветлувањето е важно поради неговата еколошка вредност и зачувувањето на животната средина. За разлика од класичните ламби, лед ламбите не емитуваат десетици тони токсични јагленоидни материи. Истовремено, со ЛЕД ламбите околу 90 % од електричната енергија се претвора во светлост и на овој начин значително се заштедува електрична енергија, како и самата енергија која е потребна за да се создаде струјата.

     

    Лед ламбите влијаат позитивно на психата и расположението

    Покрај тоа што ни дава поприродна светлина, Лед ламбата исто така таа може да ја блокира негативната светлина која што доаѓа од компјутерските и телевизиските монитори со што дополнително позитивно влијае на нашата психа и расположение, бидејќи создава здраво опкружување при вечерните часови и во текот на ладните зимските месеци.

    Лед ламбите исто така ја подигнуваат нашата енергија и концентрација која што влијае на нашата продуктивност во текот на работните часови и во нашето слободно време. Доказ за ова е широката примена на ЛЕД ламби во авионскиот сообраќај кои им помагаат на патниците да се опуштат и да се прилагодат на временските разлики.

     

    Лед ламбите позитивно влијаат на растенијата и природата

    Ова можеби доаѓа како изненадување, но, еколошко-позитивните својства на лед ламбите исто така позитивно влијаат и на растенијата и природниот ентериер на тој начин што не ги загреваат толку вештачки и штетно како што тоа го прават класичните ламби. Покрај тоа, класичните ламби не емитуваат доволно светлина која е особено важна за растот и развојот на растенијата во зимскиот период, додека тоа не е случај со светлината емитувана од лед ламбите.

    Токму поради овие причини и поради фактот што лед светлината е еквивалентна на природната светлина сите љубители на растенијата и домашните цвеќиња треба да размислат дали треба да го променат класичното осветлување и да го заменат со лед ламби, а со тоа ќе добијат и загарантирано здраво опкружување за своите омилени растенија и билки, како и за самите себе.

     

    На Купер.мк ЛЕД Осветлување за вашиот дом! Погледнете ја понудата на ЛЕД плафоњерки со различна големина и ниска потрошувачка.

     

    Помош при купувањето: 071 581 521 📞

    Leave your comment