Close
(0) производ(и)
Немате ставки во вашата кошничка.
Категории
    Filters
    Јазик
    Пребарување

    4-те чекори за да започнете сопствен online бизнис во Македонија

    4-те чекори за да започнете сопствен online бизнис во Македонија

    Во оваа ера на електронски комуникации и инфомациски технологии, секој може да почне свој бизнис. Тоа е факт и тоа е точно. Секој може да биде сам свој шеф. Од вас се очекува да бидете во чекор со промените, во спротивно ќе гледате како другите успеваат. Ако сте од оние луѓе кои што имаат идеја во која цврсто верувате дека ќе ви донесе светла иднина, вреди да започнете да продавате онлајн.

    Без сомнение можете да го потврдите фактот дека почнувањето на онлајн бизнис во денешно време е сосема остварливо и функционира, затоа што има сѐ повеќе и повеќе потенцијални онлајн купувачи, како што не било никогаш порано. 

    А како да почнете успешен онлајн бизнис?

    За да почнете онлајн бизнис, потребно е да донесете цврста ОДЛУКА дека сакате да работите, и да ја исполните следната листа на работи кои е потребно убаво да ги разберете:

    1. Кој производ САКАТЕ и МОЖЕТЕ да го продавате онлајн? За да си одговорите на ова прашање можеби е подобро да ги најдите одговорите на следните подпрашања:

     a. Кој е мојот префериран пазар на кој што сакам да продавам?

     b. Кој е проблемот со кој се соочува преферираниот пазар?

     c. Со кој производ можам да настапам на тој пазар и да го решам тој проблем?

    Хипотетички можеме да дадеме пример со одгворите на прашањата.

     a. Мојот префериран пазар е пазарот со паметните телефони и уреди

     b. Поголемиот број на производи од тој домен на пазарот имаат проблем со слаба резолуција или видливоста на камерите не е според бараниот квалитет

     c. Можам да понудам производи кои лесно се поставуваат како додатоци на веќе интегрираните камери на кој и да било паметен телефон.

    И ете, веќе имате идеја кој производ би го продавале онлајн!

    1.        Поставете онлајн продавница која што ви нуди унифицирани можности за управување со содржината на продавницата. Изберете таков провајдер, каде сите производи ќе можете да ги поставувате според ист еднаков образец за сите прозиводи, пример, сите производи се внесуваат со исти фонт и големина на насловите, добар квалитет на сликите, полиња за опис, итн. Воедно провајдерите на електронските продавници нудат и следење на интерната статистика за тргувањето со нарачките како и тригери за следење на залихите пропратено со автоматизам за примање на нарачките и пресметка на трошоците и времетраењето за достава.
    2.        Лесен начин на наплата: Онлајн универзален терминал или плаќање при доставата. Онлајн начинот на наплата е наједноставниот, а воедно и најбезбедниот начин за наплата. Средствата кои ги уплатил купувачот можат да бидат задржани, сѐ до моментот додека тој не го потврди своето задоволство од купениот производ. А кој продавач не би сакал да има среќни купувачи?
    3.        Дигитална маркетинг стратегија. Запомнете дека, конкуренција СЕКОГАШ постои. И во примерот доколку мислите дека нема, СЕКОГАШ има, само е во облик кој не го препознавате бидејќи не гледате дека е во конкретна опасност за вашиот бизнис, но за купувачот секогаш стои како алтернатива. Потребно е да ја процените вашата целна публика и да го нудите производот на таа публика. По аналогија, помислете дека сте ловец и бирате ловиште за одреден тип на дивеч. Нормално е дека ќе одберете ловиште каде што ќе процените дека има најмногу единици од тој тип на дивеч кој што планирате да го ловите. Со ширењето на оналјн платформите за е-трговија, автоматски го зголемувате вашиот продажен потенцијал, бидиејќи тие платформи веќе имаат воспоставена публика и начини за комуникација која за вас може да биде од есенцијално значење за да научите како да ги исполните нивните потреби.

    За да се биде успешен во онлајн трговијата, пред сѐ, е потребена иницијатива за да се отпочне таков бизнис и да се постават јасно целите, и тоа: колку прозиводи сакате да продадете, во кој временски период и по која цена, колку средства ќе вложите во зголемувањето на продажбата, итн.

    КУПЕР е легална, функционална платформа за е-трговија која што БЕСПЛАТНО им нуди на заинтерсираните странки, сопственици на приватни бизниси, успешно да постават електронска продавница. Од горната листа, заинтерсираните странки директно и БЕСПЛАТНО добиваат решение кое ги носи на точка 2, и ги води и исполнува понатаму сите останати подточки. Ваше е да аплицирате тука или на info@kuper.mk

     

    Оставете коментар