Close
(0) items
You have no items in your shopping cart.
All Categories
    Filters
    Language
    Search

    5 совети за подобар сон

    Сите знаеме колку е важен сонот за нашата убавина и здравје. Со добриот сон се ослободуваме од оние ужасни ќеси под очите, добиваме убава боја на лицето и сме поздрави. Но, понекогаш, колку и овци да изброите, едноставно сонот не доаѓа. Затоа, ќе ви кажеме неколку совети за добар и здрав сон.

    1. Подгответе ја собата

    Најпрво, треба да дозволите да влезе малку свеж воздух во вашата соба пред да одите на спиење. Свежиот воздух помага да се релаксира телото и мозокот. Средете го хаосот во собата. Неуредната спална соба го деконцетирара вашиот мозок. Кога е се на свое место сонот доаѓа полесно.

    2. Вежбајте

    Да, да, сите знаеме дека доколку сакате да се наспиете, морате да бидете уморни. Неколку јога вежби пред да си легнете значително можат да ви го подобрат квалитетот на сонот. Но, исто така, треба да бидете активни во текот на денот што е можно повеќе и да спортувате. Активниот ден исполнет со работа, дружење и рекреација секако овозможува мирен сон. Најбитно од се е да се избегнува стресот или доколку се апсорбира мора тој да се истроши со добар фитнес тренинг, зумба, џогирање или велоспиедизам.

    3. Јадете храна која ќе ви помогне да заспиете

    Ви препорачуваме да јадете храна која во себе го содржи витаминот Б, на пример туната и бананата. Храната со магнезиум е исто така добра, како на пример лебот и тестенините. Но, сепак внимавајте да вечерате минимум 3 часа пред да отидете на спиење.

    4. Задржете ја рутината

    Добра рутина пред спиење значи да јадете, да се туширате пред спиење, да се подготвите за наредниот ден, да го исклучите телевизорот, да се релаксирате, и сето тоа во исто време од денот.

    5. Подгответе го креветот

    Менувајте ја почесто постелнината за да биде чиста, да мириса убаво. Со тоа добивате пријатност, свежина и желба да бидете во неа. Уредно среден кревет ги мами вашите чувства полесно да заспиете.

     

     

    P.S. Не го заборавајте алармот!

    ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ПОНУДАТА НА ПОСТЕЛНИНИ

    Leave your comment