Close
(0) производ(и)
Немате ставки во вашата кошничка.
Категории
    Filters
    Јазик
    Пребарување

    6 Работи Кои Никогаш Не Смеете Да Ги Ставите Во Блендер

    6 Работи Кои Никогаш Не Смеете Да Ги Ставите Во Блендер

    Смутиња, сосови, супи и лимонади – вашиот блендер е една од најверсатилните алатки на вашиот кујнски арсенал. Затоа, вознемирувачки е кога сечилата на блендерот ќе отапат (или кога секој можен рецепт има вкус на оној кој се приготвувал пред него).

    Но, еве една тајна: Бидете фини со вашиот блендер и тој ќе биде фин со вас. Затоа, за да го одржите блендерот во тип-топ форма, немојте да ги ставате следните 6 работи во него.

     

    1. Коцки мраз

    Ако немате супер моќен блендер кој може да сомеле и ајфон (во никој случај да сте пробале нешто такво), ставањето на коцки мраз во вашиот блендер ќе ги отапи неговите сечила. Истото важи и за огромните парчиња на замрзнато овошје. Па, што може да направи во овој случај еден љубител на смути?

    Ако сакате ладно смути, употребувајте овошје кое е во фаза на размрзнување (10 минути надвор од замрзнувачот) или употребувајте рендан мраз. Наздравје.

     

     

    2. Пире

    Се извинуваме, но вашиот блендер сигурно е премоќен за да ја креира густината на пире која ја барате. Пирето е брзо за подготвување и да, со помош на блендерот можеме и побрзо нели. Но, наместо тоа, блендерот ќе го претвори пирето во една течна, леплива и бесвкусна супстанца. Затоа, најдобра варијанта ако сакате убаво пире е да го подготвите рачно.

     

     

    3. Сушено овошје

    Острите и суви урми, кајсии и сливи можат да остават лепливо ткиво на сечилата на блендерот кое не само што е тешко да се исчисти – може и да го оштети самиот блендер. Клучот за успешно да ги блендате сувите овошја е да додадете течност или да ги натопите прво во вода. И запомнете, секогаш чистете го блендерот после употреба.

     

     

    4. Жешка течност

    Чинија кремаста супа? Фино. Бришење на кремаста супа од кујнски под или облека? Не толку фино.

    Пареата од жешка течност во блендерот може да направи капакот на блендерот да експлодира, што пак може да резултира со катастрофа во кујната. Наместо тоа, дајте и време на течноста да се олади малку пред да ја ставите во блендерот и немојте да ставате повеќе од половина од капацитетот на блендерот. Потоа, блендајте полека и истовремено држете го капакот на блендерот.

     

     

    5. Кујнски Прибор

    Разбираме – сакате сите ваши зелени состојки да се вклопат во блендерот и тоа во совршена хармонија. Сакате да употребите лажица да ги притиснете состојките внатре, но верувајте ни за ова – немојте. Освен, ако не сакате да ги уништите лажицата, сечилата на блендерот и смутито наеднаш.

     

     

    6. Тесто

    Правењето на тесто за леб или колачи во блендерот ќе резултира со прецврста текстура. Значи или тестото, или останатите состојки нема да се измешаат како што треба. Ако толку сакате да направите тесто, употребете миксер или пригответе го на класичен начин, со старото добро сукало.

     

    Приготвувањето на рецепти сега е полесно со супер-квалитетниот и моќен Hyndai блендер, со 25% попуст и бесплатна достава до вашиот дом.

     

    Помош при купувањето: 071 581 521 📞

    Оставете коментар