Close
(0) производ(и)
Немате ставки во вашата кошничка.
Категории
    Filters
    Јазик
    Пребарување

    7 причини зошто треба да купуваш online!

    7 причини зошто треба да купуваш online!

    1. Можеш да купуваш во пижами

    Кога купуваш online имаш ексклузивно право тоа да го правиш од фотеља, кауч, па дури и од WC и тоа облечен/а во омилените пижами. За разлика од традиционалното купување, online купувањето ти го овозможува овој луксуз.

    2. Купуваш и никој не мора да знае

    Сите луѓе имаат право на приватност. Online купувањето го овозможува правото на дискреција. Не мора да ги криеш кесите од комшиите кога си доаѓаш од шопинг.

    3. Секогаш е поефтино

    До сега треба да ти е јасно дека кога купуваш од продавница, во цената на чинење на производот е вкалкулиран и трошокот за кирија, вработени, струја, греење, ладење, чистење и се останато. Online продавачите го немаат овој трошок и едноставно не е вклучен во цената. Секогаш е поефтино.

    4.Нема гужва

    Колку пати си закаснал на состанок, си испуштил некоја важна работа во животот поради гужва во продавница, бутик, продавница за акцесоари за мобилни телефони итн. Барем еднаш е повеќе од online. Кога купуваш online нема никој што може да те изнервира, дури нема ни продавачка што не е тука кога најмногу треба.

    5.Купуваш 24/7

    Насловот е доволен. Нема потреба од дополнително објаснување.

    6. Гаранција за враќање

    Сите online продавници имаат своја политика и гаранција за враќање. Добро не сите, само оние што се регистрирани компании и кои имаат интенција да ги задржат купувачите и да добијат нови. За среќа kuper.mk е од овој вид на електронски продавници. Колку пати сте виделе натпис ''купената роба не се враќа". Тоа е против секој закон, на крајот на краиштата е против секој морален закон. Значи, на kuper.mk ''купената роба се враќа'' - доколку е тоа единствено решение се разбира.

    7. Плаќањето е безбедно

    Една статистика вели, секој што носел кеш пари со себе изгубил-му снемало-му украле дел од нив додека одел-бил таму-се враќал од продавница. Online купувањето го сведува овој ризик на минимум. Плаќањето со картичка е безбедно и се одвива преку специјализирани компании кои 24/7 го следат купувањето. Добро е да се знае дека online продавниците немаат податоци од твојата картичка. Единствено што имаат се податоци за достава и потврда дека трансакцијата е успешна од гореспоменатата компанија(во нашиот случај Casys). Во краен случај и плаќањето при достава е побезбедно од носењето кеш пари со себе при купување од обична продавница.

     

     

    Ова се првите 7 што ми паднаа на памет. Има уште многу, но овие се доволно за да ја направиш првата нарачка од кај нас и да се увериш дека е вака.

    Оставете коментар