Close
(0) items
You have no items in your shopping cart.
All Categories
    Filters
    Language
    Search

    7 совети за правилно и безбедно сончање!

    Додека ние обично сакаме да се сончаме за да поцрниме, има други причини зошто треба да го сакаме сонцето.
    Сончањето го зголемува нивото на серотонин кој докажано ја ублажува анксиозноста. Не само тоа, сончањето произведува и витамин D, кој е добар за коските, забите и кожата.

    1. Добиј прекрасен исончан тен, но внимателно и постепено

    Првото сончање и изложување на УВА/УВБ зраците треба да биде постепено и разумно. Ако поголемиот дел од времето си во канцеларија и обично немаш прилика да уживаш во сонцето, во никој случај не смееш да го поминеш твојот одмор на лежалката на плажа. Ако сакаш да имаш исончан тен, постепено продолжувај го времето на изложување под сонцето.

    2. Користи креми со заштитен фактор!

    Овој совет се чини толку очигледен, но ќе бидете изненадени колку луѓе не го почитуваат истиот! Кремовите за заштита од сонце ни овозможуваат безбедно и постепено да го продолжуваме времето кое го поминуваме на сонце, избегнувајќи ги негативните ефекти. Секојдневно треба да користиме креми за заштита од сонце, и тоа не само на плажа. Нема потреба од грижа доколку поминуваш само неколку минути надвор. Но, ако планираш подолга прошетка, било каков спорт, да возиш велосипед или да играш со твоето дете на лулашките, треба да се заштитиш и да користиш крем за сончање со заштитен фактор!

    3. Избери го вистинскиот фактор и внимателно нанесувај!

    Многу низок фактор = несоодветна грижа! Не постои безбедно сончање со заштитен фактор помал од 10. Лицата со светол тен треба да почнат да се сончаат со крем со заштитен фактор над 30, додека луѓето кои се особено чувствителни на сонце, вклучувајќи ги овде и децата, треба да користат заштитен фактор 50. Не заборавај повторно да го нанесеш кремот со заштитен фактор по капење во морето или базенот!

     

    4. Избегни го сончањето помеѓу 11 и 15 часот во области со силна изложеност на сонце!

    Ова особено се однесува на Турција, Тунис, Египет, но исто така и Грција, Шпанија и Италија. Најдобро е да се одморате во сенка во текот на овие часови.

     

    5. Заштити се од изгореници!

    Изгорениците од сонце, како последица на прекумерното сончање, се сериозен проблем поврзан со бројни опасности. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои добиле изгореници од сонце најмалку три пати во текот на  минатото, се повеќе подложни кон развивање на рак на кожа (особено  меланом) во иднина!

    6. Заштити ги очите и чуствителните области

    Сончевите зраци допираат и до очите и косата и истите може да предизвикаат болни изгореници, на пример, на ушните школки. Кога се сончаш, не заборавај на очилата за сонце; заштити ја и главата (со шапка или капа), и секако не заборавај повторно да го нанесеш заштитниот крем на лицето, вратот, рацете и ушите.

    7. Провери ја твојата кожа после одморот

    Провери ја кожата откако ќе се вратиш од одмор. Ако забележиш било какви дамки или точки кои се појавиле на твоето тело, најдобро е да побараш лекарски совет!

     

    ПОГЛЕДНИ ЈА ПОНУДАТА НА БАЗЕНИ И ЛЕТНА ОПРЕМА!

     

    Leave your comment