Категории
    Filters
    Јазик
    Пребарување

    Често поставувани прашања

     Прашања во врска со платформата

    1.            Што е www.kuper.mk?

    www.kuper.mk е платформа која им помага на луѓето да вршат електронска трговија. Платформата овозможува административни панели за Купувачи и Продавачи, при што Купувачите се во можност да купувуваат продукти од електронските продавници на Продавачите при што се врши исклучиво плаќање со платежна картичка (VISA, MasterCard). Цените на продуктите ги формираат Продавачите, при што е потребно, да со калкулаторот на трошоци во својот административен панел, формираат конечна цена која што ќе ја плати Купувачот. Доставувачот соработник со платформата е само еден – БРЗА ПРАТКА ДООЕЛ Скопје. Сите Продавачи ги праќаат нарачките единствено со доставувачот БРЗА ПРАТКА ДООЕЛ Скопје.

    2.            Кој може да купува на www.kuper.mk?

    На платформата www.kuper.mk можат да купуваат сите регистрирани пристапувачи/физички лица, понатаму именувани „Купувачи“. Купувањето на www.kuper.mk e можно исклучиво и единствено со платежна картичка. Купувачи можат да бидат сите лица повозрасни од 14 години согласно законските прописи за електронска трговија во Р. М.

    3.            Кој може да продава на www.kuper.mk?

    На платформата www.kuper.mk можат да продаваат сите регистрирани правни субјекти и регистрирани физички лица занаетчии само од Република Македонија.

     Правните субјекти од Р. М. е потребно да пратат на prodavac@kuper.mk:

    •             решение од Централен Регистар на Р. М. или тековна состојба (не постара од 6 месеци), 

    •             скенирана лична карта од управителот.

    Физичките лица регистрирани занаетчии во Комората на занаетчии на Р. М. потребно да пратат на info@kuper.mk:

    •             решение од Комората на занаетчии на Р. М.,

    •             тековна состојба (не постара од 6 месеци), решение од Централен регистар на Р. М. доколку се работи за нова фирма и

    •             скенирана лична карта од сопственикот.

    По добиената документација, со придобиените податоци исполнуваме и праќаме до Продавачите договор за соработка и потпишуваме соработка. Од тој момент па натаму Продавачите се во можност да ја водат својата електронска продавница и да уживаат во функционалностите на електронската платформа преку административниот панел за Продавачи на www.kuper.mk.

    ВАЖНО е да зебележиме дека нема да одобриме апликации за регистрација на Продавачи со цел на намена на продажба на оружје, лекови, порнографски материјали, играчки за возрасни, наркотични средства и сл. Сѐ што е во спротинвост со законот за електронска трговија, но и законите и уставот во Р. М. на www.kuper.mk нема да биде одобрено.

    4.            Колку чини отварањето на електронска продавница на платформата www.kuper.mk? 

    Отварањето на електронска продавница на платформата www.kuper.mk, како и целокупното водење на истата (следење на продажба, добивање нарачки, извештаи за ниска залиха на продукт, електронско сметководство) е БЕСПЛАТНА.

    5.            Дали можат физички лица да отворат електронска продавница?

    Не. БЕСПЛАТНА електронска продавница на платформата www.kuper.mk можат да отворат исклучиво правни субјекти и физички лица регистрирани занаетчии во Р. М.

    Прашања во врска со сигурноста на спроведување на електронската трговија

    1.            Дали е сигурно да се купува на www.kuper.mk? 

    Да. Работиме максимално посветено да ги вклучиме најдоверливте Продавачи, но и најетичните Купувачи. Платформата е основана на најсовремените апликативни решенија за електронска трговија со која што е загарантиран увид, евиденција и сигурност во електронското работење.

    Електронските плаќања на Купувачите се „замрзнати“ се додека не се добие потврда за пристигнување од Купувачот и не се добие оценка за Продавачот. Во спротивно согласно Политиката за враќање, средствата се враќаат на сметката на Купувачот. Платформата овозможува и директна комуникација помеѓу Продавач-Купувач при што www.kuper.mk има можност и да се јави како медијатор во случај на недоразбирања и спорови.

    Гарантираме дека ја следиме работата на сите Продавачи и тие кои што имаат слаби оценки, лоши коментари и не работат соодветствено законот за електронска трговија во Р. М. и правилата поствени на www.kuper.mk ќе бидат отстранети од платформата, а соработката прекината.