Close
(0) items
You have no items in your shopping cart.
All Categories
    Filters
    Language
    Search

    Цртање На Портрет: Инструкции Чекор По Чекор

    Цртањето на автопортрет или портрет на некој друг е една од најтешките техники за еден уметник, а за аматери пак да не ни почнеме да зборуваме. Секој уметник и професор по уметност ќе ви каже дека за цртање на убав портрет потребна е макотрпна работа и искуство.

    Но, бидејќи знаеме дека сте уметници во душа и дека сакате да пробате, ние ќе се обидеме да ви помогнеме во цртањето на вашиот прв портрет преку одреден микс од техники кои ќе го направат цртањето поинтересно.

    Овие совети не гарантираат дека ќе ја нацртате Мона Лиза, но ќе го направат цртањето на портрет позабавно и побезболно. Подготвени?

     

    Чекор 1 - Нацртајте форма на глава која нема да има коса

     

     

    Чекор 2 - Нацртајте мека хоризонтална линија на половина од главата

     

    Чекор 3 - Сега нацртајте исто мека линија која ќе биде вертикална и ќе го формира центарот на главата

     

    Чекор 4 - Во долниот дел од главата, на половина од вертикалната линија, нацртајте мека кратка хоризонтална линија. Ова ќе го претставува долниот дел од носот.

     

    Чекор 5 - Под претходната линија, нацртајте линија за усната. Нека биде мека и вертикална линија.

     

     

    Чекор 6 - Сега, на хоризонталната линија која го формира центарот на главата, нацртајте две закривени линии за очите. Осигурајте се овие две линии да имаат доволно растојание една од друга.

     

    Чекор 7 - Погледнете ги следните видови на очи. Употребете ги закривените линии од чекор 6 како горниот дел од очите. Одберете нос, и употребете ја долната линија за носот од чекор 4. Одберете усна и употребете ја линијата од чекор 5. Погрижете се носот и усната да бидат убаво центрирани.

     

     

    Чекор 8 - Сега нацртајте го остатокот од главата. Линијата на косата треба да оди над линијата на черепот и треба да опфати и дел од челото. Избришете ги сите вишок линии.

     

     

    Успеавте? Ако портретот не ви успеа, порачајте си изработка на убав портрет на следниот линк.

     

    Помош при купувањето: 071 581 521 📞

    Leave your comment