Close
(0) производ(и)
Немате ставки во вашата кошничка.
Категории
    Filters
    Јазик
    Пребарување

    ДЕТАЛ КОЈ ГО НОСАТ СИТЕ ФРАЕРИ: Како Да Одберете Совршен Часовник За Секоја Пригода и Стил?

    ДЕТАЛ КОЈ ГО НОСАТ СИТЕ ФРАЕРИ: Како Да Одберете Совршен Часовник За Секоја Пригода и Стил?

    Без разлика дали планирате да купувате рачен часовник за вас или за некое друго лице, се одлучивме да ви помогнеме во вашиот совршен избор на рачни часовници.

    Како што се наближуваат новогодишните и божиќните празници така се повеќе се поставуваат прашањата и дилемите каков подарок да се купи и што да се избере. Па зарем има подобар подарок и знак на внимание од квалитетен рачен часовник?

    Поврзано: 4-те Основни Правила На Часовникот За Мажи

     

    МИНИМАЛИСТИ

    Ако преферирате остри линии, едноставен дизајн и неутрални бои тогаш вие сигурно сте страствен минималист. За мажите и жените кои се вљубеници во едноставноста и минимализмот, тогаш овој тип на дизајн во потполност ќе се вклопи во нивниот вкус и секојдневен стил. Ако ви е потребен рачен часовник кој не е упадлив, еднобоен и со обични карактеристики и функционалности тогаш овој тип на часовници е совршениот избор за вас.

     

    ВИКЕНДАШИ

    За луѓето чиј стил е лежерен а истовремено е зачинет со доза на елеганција, часовникот мора да биде функционален и прилагодлив за секоја прилика, не премногу формален за да се носи со одела и елегантна облека, но доволно елегантен за да може да се искомбинира со фармерки, спортски кошули, маица и мокасини.

    Основните карактеристики на овој дизајн и стил изобилуваат со шареноликоста така што боите и дизајнот мора да бидат прикладни со атмосфера од најобични седенки со друштвото во локалниот бар па се до посвечени прилики.

     

    КОМПАКТНОСТ

    Овој дизајн треба да се вклопи во секоја пригода и со секаков тип на облека. Без разлика дали посетувате журки на отворено или пак одите во театар, за вас идеален избор би бил часовник со златно ремче кое никогаш нема да излезе од мода.

    Може да се носи со различни стилови на облека каде што со својата блескавост ќе го привлече вниманието на секого.

     

    СПОРТИСТИ

    Ако сте чест посетител на теретаните нема потреба да трчате по супер модерните гаџети за да останете во чекор со својата спортска природа.

    Доколку пак барате рачен часовник со малку повеќе стил како замена за дигиталните рачни часовници пробајте да одберете некој ретро модел на часовник во комбинација со црно-син бројчаник кој дефинитивно е ваш перфектен избор за спортски и за посвечени прилики.

     

    БИЗНИСМЕНИ

    За луѓето кои се динамични и преку ден трчаат од еден работен состанок до друг, а потоа работниот ден го завршуваат во некој бар, тогаш нивниот рачен часовник мора да биде издржлив и од квалитетни материјали.

    Ако целиот ваш работен ден го поминувате во костум тогаш и вашиот рачен часовник мора да биде доволно елегантен за да остави позитивен впечаток. Ваш совршен избор во тој случај би бил класичниот часовник кој се вклопува со дрес кодот на вашето работно место. Со неговите остри и елегантни црти овој тип на рачен часовник е дефинитивно ваш идеален избор за вашето бизнис опкружување.

     

    Само на Купер, празнична понуда на пакет МВМТ часовници за Него и за Неа. Дознајте повеќе на овој линк.

     

    Помош при купувањето: 071 581 521 📞

    Оставете коментар