Close
(0) items
You have no items in your shopping cart.
All Categories
    Filters
    Language
    Search

    Додека не е предоцна...Еве кога треба да го замените акумулаторот

    Акумулаторот на вашето возило откажал послушност во најлош можен момент кога утринските температури се и под нулата. Но, не се само овие ниски есенско/зимски температури виновни за фактот што вашиот автомобил не сака да проработи наутро.

     

    Летни проблеми

    Иако генерално сите мислиме дека акумулаторите страдаат на ниските температури сепак, „кутиите“ без кои автомобите не можат да се движат најмногу се оштетуваат во текот на летните месеци при повисоки температури. Високите температури го „цедат“ капацитетот на акумулаторот и тоа се рефлектира во текот на зимниот период кога последниот удар врз акумулаторот го задаваат ниските температури.

    За да не се најдеме во ситуација да не ни функционира автомобилот, мораме да обрнеме повеќе внимание на нашите акумулатори. При секој редовен сервис треба да ја проверуваме состојбата на акумулаторот. Акумулаторот треба да се замени со нов во моментот кога тој уште функционира, но со намален капацитет, а не во последниот момент кога веќе не покажува знаци на живот.

     

    Можете да го замените и сами

    Кај многу од автомобилите промената на акумулатор и не е така комплицирана. Кога купувате акумулатор, битно е да знаете каков акумулатор ви е потребен. Ако автомобилот ви е опремен со “start-stop” функција, потребен ви е AGM акумулатор. Потребно е да ги знаете димензиите кои вашиот автомобил може да ги прифати, плус и минус половите и секако, капацитетот на акумулаторот (45 Ah, 55 Ah, 74 Ah или пропишаниот од авто-производителот). Исто така, важно е да се внимава и на амперажата на акумулаторот затоа што можете да имате акумулатор од 70Ah кој 640, 650 или повеќе од 750 ампери. Тие се важни за придвижување на моторот, па затоа дизел моторите сакаат поголема ампеража од акумулаторот, како и возилата кои трошат поголема количина на гориво.

     

    Дајте му ја потребната моќ на вашето возило оваа зима. На КуперМк можете да ги најдете Duracell и Exide, издржливи акумулатори за секое возило!

     

    Помош при купувањето: 071 581 521 📞

    Comments
    3/1/2019 11:32 PM
    http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/ - Buy Amoxicillin <a href="http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/">Amoxicillin</a> http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/
    Leave your comment