Close
(0) items
You have no items in your shopping cart.
All Categories
    Filters
    Language
    Search

    Како Да Наместите Ланци За Снег И Мраз

    За сигурно возење во зимски услови, составен дел од вашата зимска опрема мора да бидат ланците за снег и мраз. Денес ќе ви објасниме како успешно да ги наместите на вашиот автомобил.

    Ланците за снег и мраз, покрај тоа што се законска обврска во зима кога се движите по одредени патишта, можат многу да ви помогнат доколку често возите во планински предели или во било кои други предели кои се завеани од снежни бранови.

    Затоа, доколку планирате возење во такви предели не е лошо на вашето возило да имате ланци за снег и мраз.

    Монтирањето на ланците за снег и мраз не е толку тешко и најчесто со нив доаѓа и упатство за како да ги наместите. Прво и основно што треба да знаете се димензиите на вашите тркала па врз основа на димензиите да купите ланци кои ви одговараат.

    Кога ќе ги купите новите ланци за снег и мраз, препорачуваме преку дента да пробате самите да ги наместите во вашиот двор или гаража за подоцна доколку ви се итно потребни за на терен да можете да ги наместите побрзо. Со пробно монтирање, бидете сигурни дека ќе имате знаење и умеење да ги поставите ланците на вашето возило во било кој момент.

     

    Како да ги монтирате ланците

     

    1. Расплеткајте ги ланците и поставете ги широко пред погонските тркала.

    2. Провлечете ги ланците од внатрешната страна на тркалото, така што средината на гумениот обрач на ланецот да дојде отприлика на средина од тркалото, а останатиот дел од ланците развлечете го на земјата од предната страна на тркалото.

    3. Потоа, подигнете ја десната и левата страна на гумениот обрач и спојте ги на горниот дел (врвот) од тркалото.

    4. Следен чекор, земете ги страничните ланци и поврзете ги во круг. Притоа, уверете се дека сите ланци се добро и подеднакво затегнати.

    5. Откако ќе го направите ова, седнете и извозете го автомобилот неколку метри. Застанете и проверете ја состојбата на ланците. Доколку е потребно, затегнете ги повеќе.

    6. Со добро монтирани ланци за снег и мраз, можете да продолжите да се движите со возилото, но полека и внимателно.

    7. Кога ќе забележите дека патот е веќе чист, застанете и отстранете ги ланците од возилото, за да не ги оштетите тркалата и ланците истовремено.

     

    Купер Мк специјалната понуда на Ланци За Снег и Мраз + подарок спреј ќе му овозможи да вашето возило успешно да се движи во зимските услови со тоа што ќе создаде додатно триење за да можете да продолжите да возите без проблем.

     

    Помош при купувањето: 071 581 521 📞

    Leave your comment