Close
(0) производ(и)
Немате ставки во вашата кошничка.
Категории
    Filters
    Јазик
    Пребарување

    Како Да Го Заштитите Вашиот Лаптоп

    Како Да Го Заштитите Вашиот Лаптоп

    Лаптопот е компјутер кој често го употребуваме и злоупотребуваме, и за повеќето од корисниците е скап компјутер кој не може лесно да се замени. Следните инструкции ќе ви помогнат да се осигурате дека вашиот лаптоп ќе трае и дека ќе го користите се додека имате потреба од истиот.

     

    1. Секогаш бидете свесни каде се наоѓа лаптопот

    Бидете претпазливи кога го оставате вашиот лаптоп без надзор. Забележете го вашето име некаде на лаптопот. Доколку можете, ставете и леплива етикета со вашата адреса и адресата на компјутерот внатре во лаптопот, под тастатурата и залепете една и на полначот.

    Означете ја и торбата на вашиот лаптоп. Исто така, прикачете нешто уникатно на торбата за вашиот лаптоп. Ова ќе му помогне на некој кој би ја смешал торбата со неговата доколку поседува идентична.

     

     

    2. Однесувајте се кон лаптопот внимателно

    Паѓањето, наглото спуштање или удар на лаптопот можат да предизвикаат штета на хард драјвот, која често знае да биде трајна и непоправлива.

    Кул е секогаш да имаме пијалок до лаптопот но сепак, бидете внимателни! Ненадејно истурање на пијачката врз тастатурата може да го оштети лаптопот до степен на непоправливост.

    Не го допирајте екранот на лаптопот. Немојте да го оставате лаптопот каде што е премногу ладно или пак премногу жешко. Фотографиите од лаптопи на плажа се само лажна слика за работната слобода. Штетно е за самиот компјутер, а и никој нормален не би работел на плажа на плус 40.

    Исто така, немојте да го оставате лаптопот до електрични апарати затоа што се креира магнетно поле.

     

     

    3. Транспортирајте го вашиот лаптоп внимателно

    Купете соодветна торба за лаптоп или ако истата ви е доделена гратис со вашиот лаптоп, искористете ја убаво. За заштита од надворешните услови, како и за полесен транспорт, секогаш транспортирајте го лаптопот во торбата и движете се неа ако имате потреба.

     

     

    4. Одржувајте го лаптопот со редовно чистење

    Чистете го екранот на лаптопот со крпа без влакненца. Избегнувајте користење на било какви средства за чистење на стакло. Амонијакот во овие средства може сериозно да го оштети екранот на вашиот лаптоп.

     

    Погледнете ја големата Купер понуда на компјутерска опрема за секого 💻 Со бесплатна достава до дома!

     

    Помош при купувањето: 071 581 521 📞

    Оставете коментар