Close
(0) производ(и)
Немате ставки во вашата кошничка.
Категории
    Filters
    Јазик
    Пребарување

    Како Да Ја Сочувате Преносната Батерија

    Како Да Ја Сочувате Преносната Батерија

    Напредната технологија денес успеа да произведе различни видови на гаџети како што се мп3 плеери, смартфонителаптопите итн. Овие уреди ги употребуваме во поголемиот дел од денот и затоа одржувањето на енергија во батериите може да биде проблем.

    Заради таа причина, на пазарот се појавија преносните батерии (Power bank) со чија помош можеме да ги наполниме гаџетите во секое време и на секое место за максимално користење на нашите уреди.

    Глобалната побарувачка ги направи преносните батерии популарни на пазарот. Преносните батерии се совршени за оние кои сакаат да патуваат и да одат на различни места каде што немаат струја или приклучок за полнење на батеријата. Како производ се исклучително корисни и лесно преносливи.

    Затоа грижата за преносните батерии е од особена важност. Ова се неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да ја сочувате вашата преносна батерија за истата да продолжи да функционира на највисоко можно ниво.

     

    Употребувајте го оригиналниот полнач

    Исто така, во случај на оштетување на оригиналниот полнач, потребно е повторно да купите оригинален кој е наменет само за вашата преносна батерија. Неоригинален и ефтин полнач нема да може да ја обезбеди потребната волтажа за квалитетно полнење на батеријата.

     

    Не ја полнете често

    Ако не ја употребувате преносната батерија често, полнете ја барем еднаш месечно за истата да не се оштети и за да не страда нејзиниот енергетски капацитет.

     

    Немојте да ја расклопувате 

    Немојте да ја отварате или расклопувате батеријата само за да видите дали нешто не е во ред внатре или пак од љубопитност да видите што има внатре. Ќе направите штета а може и да загубите некои делови на батеријата.

     

    Држете ја на суво

    Гарантираме дека водата ќе ја оштети вашата преносна батерија. Исто така, немојте да ја изложувате батеријата на екстремни температури кои можат да предизвикаат штета од создадената влага. Наместо тоа, купете заштитна маска или кутија во која ќе ја чувате вашата батерија подалеку од влагата.

     

    Не поврзувајте друг уред додека ја полните 

    Многу е важно да не приклучите друг уред во батеријата додека ја полните истата. Ова може да ги оштети и батеријата и вашиот гаџет истовремено.

     

    Немојте да патувате без моќна преносна батерија во вашиот ранец. Погледнете ја Купер.мк понудата на OXPower преносната батерија со моќност од 8000­mAh, компактни димен­зии, ултра тенка и лесна за пренос.

     

    Помош при купувањето: 071 581 521 📞

     

     

    Оставете коментар