Close
(0) производ(и)
Немате ставки во вашата кошничка.
Категории
    Filters
    Јазик
    Пребарување

    Колку дополнителен приход може да заработите ако продавате онлајн?

    Колку дополнителен приход  може да заработите ако продавате онлајн?

    Информатичките и комуникациските технологии се во експанзија, па затоа, доколку ја погледнете големата слика, имате логична и здрава основа ЗОШТО да го проширите Вашиот бизнис онлјан. Со додатно онлајн присуство на Вашиот бизнис во интернет етерот и конкретна маркетинг стратегија, може да ја зголемите заработката и до +30% во еден месец. Се држиме до овој процент со голема резерва, во реалноста постојат и продавачи кои ја имаат достигнато и бројката до +300% во еден месец, а смисленоста во ширењето на онлајн пазарот е во тоа што НИТУ ЕДЕН ПРОДАВАЧ кој се одлучил тоа да го направи, нема што да загуби, односно негативни последици на Вашиот бизнис нема. И тоа е логично нели? Еве и зошто: Сите производи од кои имате доволно задоволителна залиха ги изложувате во Вашата е-продавница и формирате поволна цена (притоа земајќи ја во предвид и доставата) и сте спремни за потенцијалните купувачи да пристапат во вашата е-продавница било кога, 24/7. При добиена нарачка, ги праќате нарачкте и ја извршувате наплатата. Резултатот е во корист и на продавачот и на купувачот - продавачот продал повеќе производи, купувачот го добил на својата адреса дома и заштедил  време, а со тоа и пари.

    Грубите пресметки се: Доколку од еден производ кој чини 1.000 денари, месечно продавате по 30 единици, доволно е да продадете 10 единици од истиот производ онлајн и ќе добиете +30% промет за кој сте потрошиле 5 минути да го објавите и да напишете детален опис.

    За онлајн продажбата да почне да функционира како што треба, потребно е многу време. Прво е потребно да направите добра и верна публика, да ги научите нивните навики за купување и потреби, потоа да ги таргетирате преку пристапите за дигитален маркетинг и да се потрудите максимално да го искористите соберениот купувачки потенцијал. Продажбата онлајн не бара ниту дефинирање на работно време, ниту плаќање на кирија и сметки за струја, смет и вода. Бара само следење на нарачките (еднаш до два пати дневно) и испраќање на истите. Наплатата е при достава или со картичка. Притоа мора да се внимава сите производи да бидат според дефинираниот опис, облик и изглед. 

     

    Сега секоја фирма може да продава на kuper.mk. Аплицирај за продавач.

    Оставете коментар