Обетки Сонце 6006
Македонски рубин вграден во сребрен накит изработен со филигранска техника.
Првиот македонски рубин познат одамна и прв пат комплетно обработен во земјава. Се карактеризира со изразито розова-малина боја.
Го нарекуваат и розов сафир, а на скалата на важност на скапоцени камења рубинот е на второто место, веднаш зад дијамантот.
Многу добро се вклопува во филигранскиот накит и изгледа многу моќно, а неговата духовна сила е во благородноста.
Секој што ќе го има овој камен ќе може да ја почуствува македонската топлина, способноста за истрајност и самодоверба.
Димензии на обетките,рубинот, 1,2 см.