Close
(0) производ(и)
Немате ставки во вашата кошничка.
Категории
    Filters
    Јазик
    Пребарување

    Подгответе Го Вашиот Автомобил За Зимскиот Период Во 10 Чекори

    Подгответе Го Вашиот Автомобил За Зимскиот Период Во 10 Чекори

    Секогаш кога доаѓа зимата на прагот видливи се најголемите слабости на нашите автомобили. Некои ќе имаат проблеми со стартувањето на автомобилите во ладните утра, некои ќе имаат проблеми со прилагодувањата, но без разлика на староста на вашиот автомобил, секој од нас мора да направи 10 важни чекори како би го подготвил својот љубимец на четири тркала за студените зимски денови, мразовите и снежните наноси на патиштата.

     

    1. Промена на моторно масло

    Доколку редовно ги следите сервисните интервали на вашиот автомобил препорачливо е на време да го замените вашето моторно масло во автомобилот или по потреба да додатете нова количина на моторно масло. Целосното подмачкување на моторот при ниски температури е клучно за неговата долговечност и правилна работа. Дополнително се препорачува во екстремни зимски услови да го замените вашето моторно масло со ново со помала вискозност, но ако ги измешате поимите на густината и вискозноста и ако не ви се јасни ознаките на моторните масла во тој случај обратете внимание на препораката на производителот на моторното масло или пак на вашиот сервисер.

     

    2. Промена и проверка на течностите за ладење

    Ако во текот на летниот период додавате вода во системот за ладење на моторот неопходно е да ја преисконтролирате густината на течноста на ладење и нејзината отпорност на ниски температури. Неадекватниот раствор на течности за разладување и нивната слаба отпорност на ниски температури можат сериозно да го оштетат моторот.

     

    3. Контрола, замена и сервис на батериите

    Состојбата на акумулаторот треба да се прегледа и провери и во студените зими овој дел на моторот создава најмногу главоболки на возачите.Возилата кои се чувани во гаража и кои се помалку изложени на надворешните услови нивните акумулатори траат подолго,но секако треба да имате увид кога последен пат сте го промениле вашиот акумулатор. Технoлогијата на развој и изработка на акумулаторите многу е променета па во случај да планирате да го полните или пак сервисирате вашиот акумулатор добро обратете внимание на тоа кој тип на акумулатор поседувате.

     

    4. Бидете сигурни за прегледноста од вашиот автомобил

    Чистото ветробранско стакло е еден од основните услови за сигурно возење, како би останало чисто во студените месеци погрижете се да ја замените летната течност за чистење на ветробранското стакло со зимска, во зимски услови одберете течност која нема да замрзне под – 20 степени. Така секогаш ќе имате чисто ветробранско стакло и ќе ја избегнете можната штета предизвикана од замрзнувањето на системот за чистење на ветробранското стакло. Се разбира со првите утрински среќавања со замрзнатиот автомобил добро е при себе да имате стругалка за мраз или пак спреј за брзо одмрзнување на стаклата, и за вашата и безбедноста на другите патници каде и да брзате не заборавајте претходно темелно да ги исчистите вашите стакла и светлата на автомобилот.

     

    5. Проверете ги ремените на автомобилот и затегачите

    Иако и овој дел на автомобилот подпаѓа под редовното одржување според сервисната книшка и сервисната историја, сепак пред надоаѓањето на зимата препорачливо е да ја прегледате состојбата на гумените црева во моторот и околу него како и гумените ремени. Ситните пукнатини и траги од течностите ги откриваат првите симптоми и слабости кои можат да кулминираат на ниски температури. За целосна и детална контрола оваа задача доверете му ја на вашиот сервисер.

     

    6. Проверете ги и заменете ги вашите гуми

    Промената на зимските гуми се примарна работа при подготовката за зимскиот период, сепак иако живееме во 2017 често слушаме пофалба од некого како купил универзални зимско-летни гуми, по кој знае кој пат ознаката на гумите M+S значи кал и снег, значи вистинските зимски гуми според ознаките M+S или кал и снег имаат посебна ознака со снегулка да се разликуваат од летните гуми. Летните гуми на температура под 10 степени веќе радикално губат од своите перформанси  но значително помеките зимски гуми имаат оптимално прилагодување во такви услови. Ако пак зимските гуми ги имате користено и во летниот период кога температурата на асфалтот се качува и над 40 тиот степен, тогаш можете да бидете прилично сигурни дека тие зимски гуми нема да имаат добри возни својства во периодот на идната зима. И од економска гледна точка најисплатливо е да имате два сета на гуми кои ќе ви траат подолго и ќе имате одлични возни особини во сите временски услови. Не заборавајте и да го проверете притисокот во вашите гуми кој што е клучен за одлични перформанси како на асфалтот така и на снегот.

     

    7. Проверете ги и заменете ги свеќичките, греачите и каблите

    Електричната инсталација е една од најчестите причини зошто наместо со автомобил на работа можете да идете и со автобус. Зависно од условите на експлоатација и редовното сервисирање на автомобилот пред зимата препорачливо е да ја преконтролирате состојбата на свеќичките во бензинските мотори и на греачите во дизелските мотори. Во двата случаи ако и свеќичките и греачите се дотраени и потрошени може да дојде до отежнато стартување на моторот.

     

    8. Заменете ги филтрите за гориво

    Ниските температури и острите зими се секогаш горко искуство за возачите  па постојат бројни проблеми со филтрите за горивото пред се со дизелското гориво, докажано е во тој период дека е многу важно редовно да се менуваат и проверуваат овие компоненти од автомобилот. Секако, не заборавајте и на вашето здравје. Се препорачува пред зимата да ги замените и филтрите во возачката кабина.

     

    9. Подмачкајте ги бравите

    Мал детал кој многу возачи го заобиколуваат се заштитните гумички на вратите и затварачите на автомобилот. Веќе на првите минусни температури и мразулки замрзнатите брави можат да ви го отежнат влезот во автомобилот, но со малку нанесување на глицерин овој проблем е лесно решлив.

     

    10. Подгответе го зимскиот сет за вашиот багажник

    Без разлика на тоа дали влегувате во автомобил на паркингот или сте се затекнале некаде на патот во тешки зимски услови, добро е да имате уште по некој детал на опрема кој би ви го олеснал животот. во тешки временски услови, бидете спремни и имајте ја спремна зимската опрема, неизбежните детали како што се стругач за мраз и покривач за ветробранот, батериската ламба, ракавиците, течностите за чистење на ветробранското стакло ќе си ја најдат својата примена во екстремните зимски услови.

     

    Купер Мк специјалната понуда на Ланци За Снег и Мраз + подарок спреј ќе му овозможи да вашето возило успешно да се движи во зимските услови со тоа што ќе создаде додатно триење за да можете да продолжите да возите без проблем.

     

    Помош при купувањето: 071 581 521 📞

    Оставете коментар