Close
(0) производ(и)
Немате ставки во вашата кошничка.
Категории
    Filters
    Јазик
    Пребарување

    Предности На Гумените Патосници

    Предности На Гумените Патосници

    Патосниците се исклучително важен дел од опремата на секој автомобил. Тие влијаат на цената на автомобилот, на неговата безбедност, спречуваат навлегување на влага и вода во тепихот и го олеснуваат чистењето на автомобилот во зима и лето. Затоа, изборот на патосници за вашиот автомобил е од огромно значење.

     

    Патосниците и вредноста на автомобилот

    Едноставно е. Доколку возите без патосници, ќе се соочите со два негативни ефекти врз тепихот на вашиот автомобил.

    Додека работите со педалите неизбежно е дека без патосници ќе го оштетите тепихот на возилото. Затоа, пред да помислите да го продавате вашиот автомобил морате да ја негувате неговата внатрешност. Не би било во ред купувачот да ги подигне патосниците и да си рече „Па овој поминал милион километри“.

    При секое влегување во автомобилот оставате различна нечистотија. Ако немате патосници кои можете лесно да ги извадите, истресете и исперете, ќе морате агресивно да користите правосмукалка или да перете со што дополнително ќе го натопите тепихот на возилото.

     

    Кои се предностите на гумените патосници?

    Гумените патосници обично ги нарекуваме и зимски патосници. Но сепак, ги користиме во нашите возила во текот на целата година. Тие се во потполност изработени од квалитетна гума, имаат длабоки канали за собирање на вода или снег како и високи рабови кои спречуваат излевање на течност.

    Кога сме веќе кај снегот, колку и да ги истресете чевлите пред да влезете во кола секогаш ќе остане барем малку снег на нив. Затоа во текот на зимата, треба да имате гумени патосници. Зимските патосници ќе го задржат снегот кој останал на вашите чевли и потоа се што треба да направите е да ја извадите патосницата и да ја излеете водата во првата прилика.

    Што е можно помалку влага во колата, толку помали шанси за непријатни мириси, микроорганизми и слично. Да не ја заборавиме и солта, која се залепува на снегот до тротоарите после чистењето на улиците, а која е голем непријател на металот на вашиот автомобил.

    Квалитетните гумени патосници се направени од јака и издржлива гума и затоа можат да траат и со години! Исто така, тие се еластични и таа еластичност е константна дури и при ниски температури.

    Гумените патосници се лесни за чистење и перење. Дури и ако се потполно калливи, лесно можете да ги исперете со вода и откако ќе се исушат, можете повторно да ги вратите во возилото.

     

    Купер.мк понудата на типски патосници за вашиот автомобил е широка. Станува збор за квалитетни патосници произведени во Словенија изработени од чиста и мека ЕКО гума.   🚘🚘🚘

     

    Помош при купувањето: 071 581 521 📞

     

     

    Оставете коментар