Close
(0) производ(и)
Немате ставки во вашата кошничка.
Категории
    Filters
    Јазик
    Пребарување

    Прескокнете Го Стругањето - Постојат Подобри Начини Да Одмрзнете Шофершајбна

    Прескокнете Го Стругањето - Постојат Подобри Начини Да Одмрзнете Шофершајбна

    Излегувате наутро од вашиот топол дом накај паркингот, размислувате како ќе си седнете на топлото седиште во вашиот автомобил, ќе го стартувате автомобилот, греењето и ќе уживате во топлото возење накај работа. Но во зима, снегулките и фантазијата се едно, а реалноста е нешто сосема друго во форма на замрзнати и замаглени стакла на возилото.

    Во вакви случаи, повеќето од возачите се одлучуваат за вклучување на климата или опцијата на одмрзнување на стаклата која е достапна кај поновите и поопремени автомобили. Тој процес може да трае малку повеќе и потребни се барем 10-тина минути за комплетно да го одмрзнете и одмаглете стаклото, а до тогаш, веќе метежот од коли е создаден и патем, е „збогатен“ со лоши услови за возење.

    А пак да не зборуваме за сеприсутното стругање на ветробранското стакло кое е уште подолготрајно од претходно наведената опција а и ужасно е кога ќе ви смрзнат рацете па едвај ќе го управувате возилото.

    Претходно неведените методи веќе со децении беа единствениот начин за да ги одмрзнете и одмаглете стаклата на вашиот автомобил. Но не повеќе! Денес на пазарот постои цел спектар на корисни средства за одмаглување и одмрзнување на стаклата на вашиот автомобил. Ќе опишеме две од нив.

     

    Одмрзнувач на стакла


    Во текот на зимата, особено наутро, се соочуваме со мраз на стаклата на нашите возила како и на светлата на возилото. Иако стругањето на мразот може да ни послужи сепак, не можеме секогаш да се потпреме на таа метода. Со стругање можеме да ја оштетиме површината и формата на самото стакло.

    Далеку поелегантно и поефикасно решение е користењето на одмрзнувач на стакла. Ова средство овозможува едноставно, брзо и ефикасно одмрзнување на стаклените површини на возилата. Особено е корисно за одмрзнување на ветробранското стакло, брисачите и светлата на автомобилот чија видливост се смалува кога возиме низ врнежи од снег а и при ниски температури кога замрзнуваат брисачите и нивната функција се намалува.

     

    Одмаглувач на стакла

    Alfacare одмаглувачот на стакла е исто така средство кое морате да го поседувате во текот на зимскиот период. Од самото име на производот е јасно која функција ја извршува. Одмаглувачот на стакла ќе ви користи во текот на зимските месеци затоа што во текот на овој период често доаѓа до замаглување на стаклата на вашиот автомобил. Овој спреј ги одмаглува стаклата на автомобилот брзо и ефикасно, а неговата специјална формула овозможува заштита од ново замаглување со совршена видливост и во текот на наредните неколку денови од нанесувањето. Доволно е малку да напрскате на стаклото и да забришете.

     

    Купер Мк специјалната понуда на Ланци За Снег и Мраз + подарок спреј ќе му овозможи да вашето возило успешно да се движи во зимските услови со тоа што ќе создаде додатно триење за да можете да продолжите да возите без проблем.

     

    Помош при купувањето: 071 581 521 📞

    Оставете коментар