Close
(0) производ(и)
Немате ставки во вашата кошничка.
Категории
    Filters
    Јазик
    Пребарување

    Сакате Да Вградите Камин? Потребно Е Да Исполните 3 Важни Услови!

    Сакате Да Вградите Камин? Потребно Е Да Исполните 3 Важни Услови!

    Ниту еден предмет кој што се наоѓа во ентериерот на вашиот дом не дава такво чувство на топлина, романтика и блискост како што тоа го прави каминот. Да се потсетиме само на сцените во филмовите и деловите од литературата во кои мајката или бабата му чита приказни на својот син или внуче покрај топлиот камин, во кои семејството се собира покрај камин на фамилијарна вечера, и во кои љубовниците уживаат покрај каминот во страста на зимската ноќ.

    Но пред се, клучната функција на каминот е добро да го загрее вашиот дом и вашите простории и таа негова задача тој успешно ја извршува.

     

    Три важни предуслови за вградување на каминот:

    За да можете да вградите камин, претходно треба да се исполнат одредени технички предуслови за негово сигурно и безбедно вградување на соодветно место во вашата просторија од домот.

    Како прво, морате да видите на кое место е инсталиран оџакот во вашата просторија, потоа на подлогата на која ќе биде тој поставен мора да се осигурате дека таму на тоа место има секогаш доток на свеж воздух.

    Самиот дијаметар на оџакот не смее да биде помал од 20 сантиметри, а неговата висина мора да биде поголема повеќе од 4 метри, приклучокот на каминот мора да биде на висина од најмалку 2 метри, но исто така мора во тој момент да се внимава и на аголот каде ќе биде сместен каминот кој не смее да биде над 45 степени.

    Подлогата на каминот најдобро е да биде бетонска и од цврст материјал но никако не смее да биде од стиропор, камена волна, или некој друг изолационен материјал.

     

    Внимавајте на оџакот дали е темелно исчистен

    Ако сакате да вградите камин во вашиот дом како што претходно напоменавме, мора да имате простор за тоа и да имате квалитетен оџак кој ќе одговара на задолжителните стандарди за поставување и вградување на камини.

    Понатаму, задолжително треба да обезбедите едноставен пристап кон каминот, отвор за чистење на изгорениците и саѓите од каминот и правилен приклучок кон оџакот. Важно да знаете е дека секој оџак во зависност од неговата големина и ширина ја лимитира моќноста на каминот па затоа, правилната инсталација на каминот во вашиот дом според стандардите за висина и ширина на оџакот и според квадратурата на домот ќе ја обезбеди неговата ефективност и грејна моќност во просторијата во која што е поставен.

    Препорачливо е внатрешноста на самиот оџак да биде обложена со шамотни елементи и инокс. Оџакот треба редовно да се чисти и сервисира.

     

    Цените на камините зависат од моќноста, квалитетот на ложиштето, начинот на вградување и изборот на дополнителна опрема. Камините се исплатливи на подолг рок бидејќи нивниот животен век е долг и зависи исклучиво од квалитетот на нивното вградување и начинот на одржување. Погледнете ја Купер понудата на камини овде!

     

    Помош при купувањето: 071 581 521 📞

    Оставете коментар