Close
(0) items
You have no items in your shopping cart.
All Categories
    Filters
    Language
    Search

    Што значи ознаката “Сребро 925”?

    Што значи ознаката “Сребро 925”?

    Ако сте поминале барем малку време во шопинг на накит, дури и гледајќи наоколу во продавници за сувенири и подароци, веројатно сте забележале накит со ознака “Сребро 925” . Можеби знаете и како изгледа, но не знаете што точно е или што означува "Сребро 925".

     

     

    Многу луѓе накитот кој е означен како "Сребро 925" го гледаат како накит кој не поцрнува. Дури и ако дополнително поставените камења не се автентични, "Сребро 925" е метал кој генерално не корозира и не предизвикува иритацијата на кожата на тие што го носат. Од овие причини, "Сребро 925" е многу добра алтернатива или замена за скапоцените метали, како што е златото. Но, што точно значи "Сребро 925"? За да се разбере оваа ознака, важно е да се анализира податокот "925". Овој број се однесува на концентрацијата на сребро во материјалот односно колку чисто сребро има во накитот. Најчиста форма на сребро која постои е“999”. Затоа,“925” е најблиску до најчистата форма на сребро. Разликата помеѓу“999” и“925” се дополнителните метали кои се додаваат во мешавината за накитот да биде појак и поиздржлив. Најголема причина за додавање на потешки метали е поради потребата од додавање на детали. Најчистото сребро е премногу меко за да се гравира или обликува. Додадените метали, како што се бакарот, родиумот, прават отпор и со тоа се овозможува дизајнирање на детали, како што се гледа во сребрениот прстен подолу. 

    Уште еден пример за сложените дизајни што може да се направат со“Сребро 925”може да се видат во овој сет. Овој убав сет составен од ланче, обетки и прстен, не само што содржи камења, туку се состои од фини дизајни. Иако е прекрасно и кога се гледа од далеку, многу е поубаво и има многу повеќе што да се види кога гледачот е поблизу до накитот.

    Без разлика на вашиот буџет, личен вкус или повод,понудата на накит “Сребро 925” е доволно голема и разновидна така што можете да си обезбедите подарок за секој и за секоја пригода. Поради својата природа, накитот од “Сребро 925” е квалитетен подарок што ќе носи радост многу години откако ќе се подари.

     

    Погледни ја целата понуда на Накит со ознака Сребро 925 

     

    Leave your comment