Close
(0) производ(и)
Немате ставки во вашата кошничка.
Категории
    Filters
    Јазик
    Пребарување

    СОВЕТИ ЗА КУПУВАЊЕ КАМИН

    СОВЕТИ ЗА КУПУВАЊЕ КАМИН

    Купер мрежата на овластени добавувачи на камин е голема и се состои од искусни производители од кои можете да одберете камин кој најдобро ќе одговара на вашиот животен простор. Затоа, со читањето на следните корисни совети можете да заштедите и време и пари, од самиот избор на каминот и се додека истиот не стигне во вашиот дом. 

    Купувањето на нова печка или камин е голема одлука која ќе влијае на вашиот секојдневен живот. Како добри домаќини потребно е да размислите за неколку работи пред да го купите каминот кој најмогу ќе одговара на вашиот дом. Затоа, овде ги собравме најважните аспекти на кои треба да обрнете внимание додека бирате камин за вашиот дом. 

    Големина на простороти ефикасност на греењето

    Ако сакате ефективноста на вашиот камин да биде што е можно поголема, морате да знаете колкав простор ќе греете со истиот. Ако е ложиштето преголемо, учинокот на вашиот камин ќе биде мал, а пак тоа ќе доведе до саѓи на стаклото и во оџакот. Обратно, ако ложиштето е премало, каминот ќе биде преоптоварен а со тоа и неговиот рок на траење ќе биде пократок.

    Затоа при купувањето на камин, корисно е да ја знаете квадратурата или кубикажата на просторот кој сакате да го греете. За изборот на адекватен камин корисна е и информацијата за топлинската изолација на вашиот дом, висината на таванот како и бројот на прозорци.


    Вентилација

    За вашиот камин да работи исправно, потребен му е воздух. Оџакот го влече воздухот низ каминот, но ако просторот е прилично затворен или изолиран, може да се појават и проблеми. Затоа, најдобро решение за еден камин е тек на надворешен воздух кој постојано ќе го снабдува каминот со свеж воздух. Ова е честа практика во новите станбени простори со висок степен на изолација.

     

    Прозорци и изолација

    Куќа или стан со лоша изолација бара повеќе греење од оние со добра изолација и со трослојни прозорци. Во согласност со просторот, потребно е да изберете камин со кој ќе можете да го загреете. Доколку имате убаво изолиран простор, важно е да одберете камин кој ќе работи добро и на мала јачина, како на пример камин кој би го загреал вашиот простор и при 3kW моќност. 

    Оџак

    Во најголем број од случаите, проблеми со каминот можат да се јават во оџакот. Ако сакате вашиот камин да работи оптимално, потребно е да знаете колкав е отворот и која е висината на оџакот за да можете да го споите со вашиот простор.

    Важно е да се знае дека висината на еден оџак влијае на неговата потисна сила. Па така, повисок оџак креира поголем потисок и обратно. Острите колена на оџакот го смалуваат потисокот па така понекогаш во зависност од условите е подобро да поставите две колена од 45 степени агол наместо едно од 90 степени. 

    Позиционирање на каминот

    Исто како што камините се разликуваат меѓу себе, така се разликуваат и условите според кои тие можат успешно да бидат инсталирани во еден дом. Овде, нацртот кој покажува каде треба да се наоѓа каминот, како и позицијата и димензијата на оџакот и соседниот мебел е од огромно значење при купувањето на камин за вашиот дом. Ова ќе ви помогне да го одберете вистинскиот камин и на време да одредите кои работи треба да ги доправите за каминот перфектно да се вклопи во вашиот дом. 

    Тежина и носивост на подот

    Повеќето од камините кои ги нудиме на Купер.мк можат да бидат инсталирани во вашиот дом без претходно ојачување на подот. Но, ако сакате да бидете потполно сигурни, можете да побарате и помош од експерти или да се информирате кај самите производители на каминот. Треба да го имате во предвид фактот дека при инсталацијата на каминот, неговата тежина се распоредува не само на подот, туку и на ѕидот, па така, на тој начин се смалува оптеретувањето на подот. 

    Инсталација

    Многу од камините кои ги нудиме на Купер.мк можете и да ги вградите сами во вашиот дом. Но, ако сакате безбедно да го вградите вашиот нов камин, можете да побарате и помош од стручни лица за оваа работа. Она што треба да се има на ум е дека траењето на инсталацијата на еден камин може да трае и подолго, во зависност од каминот и од проектот кој сакате да го остварите во вашиот дом. На пример, за вградување на печка потребни се и 3,4 саати, додека за вградување на камин некогаш се потребни и денови. 

    Отстранување на старата печка или камин

    Самите вие или професионален инсталатер може да ја отстрани вашата стара печка или камин. Кога одбирате нов камин, корисно е секогаш да ги имате на ум димензиите на старата печка или камин, за да се договорите подобро со инсталатерите за услугата на отстранување на печката.

    Кога ја отстранувате вашата стара печка или камин, погрижете се да го отстраните секој компонент и материјал внимателно и во исправна состојба.

     

    Видете ја понудата на камини на следниот линк!

     

     

    Помош при купувањето: 071 581 521 📞

     

     

    Оставете коментар