Close
(0) items
You have no items in your shopping cart.
All Categories
    Filters
    Language
    Search

    Вежби За Раце И Зглобови За Посветени Гејмери

    Гејмингот знае да биде опасен спорт. Да, се нарекуваат „е-спортови“. Доколку и ти ги практикуваш е-спортовите, постојат неколку прашања кои си ги поставуваш самиот на себе како професионален гејмер.

    Првото вообичаено прашање кое си го поставуваш е тоа дали си го губиш драгоценото време? Многу професионални гејмери се изненадени кога ќе погледнат на часовникот дека летнало времето, а тие само за миг помислиле да одиграат некоја сесија пред својот компјутер.

    Исто така, можете да се запрашате себеси колку време сте играле ако некогаш почувствувате болки во вашите зглобови и раце. Far Cry, GTA, Dota не само што знаат да бидат напорни, исто така знаат и да ги изморат нашете мускули на рацете.

     

    Ергономика

    За волја на вистината, ова е горчлив проблем со кој многу гејмери се соочуваат.

    Ако вашите раце не се одмараат во агол соодветен на вашите лакти, тогаш вашите мускули се истегнуваат и предизвикуваат болки. За нештата да одат во погрешна насока ако продолжите да седите со часови пред вашиот компјутер ќе предизвикате симптоми на оштетувања на вашиот рбетен столб како и останатите симптоми на зголемен стрес. Ако еднаш ги повредите вашите зглобови и раце тоа значи дека нема веќе играње се додека тие целосно не заздрават.

    За среќа, можете да ги избегнете овие повреди со примена на неколку едноставни вежби и истегнувања на вашите зглобови и раце.

     

    1. Земете гума за вежбање и притискајте ја во вашите дланки. Притискајте ја колку што можете силно во вашите раце а потоа не заборавајте да ги истегнете прстите. Оваа вежба ќе ги истегне и размрда здрвените и укочени раце и добро ќе ги извежба вашите прсти. Доколку ја практикувате неколку пати неделно ќе ги зајакне и мускулите на вашите прсти.

     

    2. Свиткајте ги вашите прсти на средината од зглобовите. Практикувајте ја оваа вежба 5 до 10 секунди дневно и ќе ја избегнете можната болка во вашите зглобови.

     

    3. Палците нагоре со вашите две раце. Направете неколку свртувања со вашите палци во различни правци на првата и на втората рака.

     

    4. Истегнете една по една рака, со исправени лакти. Со едната рака истегнете ја другата рака со лактот полека надоле се додека не почувствувате истегнување, држете ја раката околу 10 секунди и повторете ја вежбата со другата рака.

     

    5. Направете спротивно од претходната вежба. Наместо надоле овој пат на истиот начин истегнете ги вашите раце нагоре, задржете ја 5 до 10 секунди секоја рака поединечно.

     

    6. Не го заборавајте старото добро потполно истегнување. Доближете ги вашите прсти, отворете ги дланките и раширете ги рацете што е можно подалеку (вашите зглобови треба да се под агол од 90 степени), потоа оптегнете ги рацете со дланките надолу со повеќе повторувања.

     

    Повторувајте ги погоре наведените вежби неколку пати неделно но и секогаш кога ќе почуствувате одредени болки во вашите раце и зглобови. Со практикување на овие вежби помеѓу вашите гејминг сесии го намалувате ризикот за повреди или истегнувања на вашите раце и зглобови и проблеми со рамената.

     

    ГЕЈМЕРИ, ОВАА ПОНУДА Е ЗА ВАС! ПРОФИ ПАКЕТ Mouse Backligthed Optical + Keyboard Wired Gaming за 1.270 денари. Количините се ограничени!

     

    Помош при купувањето: 071 581 521 📞

    Leave your comment