Close
(0) производ(и)
Немате ставки во вашата кошничка.
Категории
    Filters
    Јазик
    Пребарување

    Време е за МВМТ Часовник

    Време е за МВМТ Часовник

    Џејк Касан и Крамер Ле Плант не спаѓаат во просечните студенти кои го напуштиле факултетот. На само 22 години, тие го направија речиси невозможното со што се вклопија само во рангот на имиња како Стив Џобс, Марк Зукенберг и Бил Гејтс.

    Како и многу други успешни претриемачи, овие двајца цимери го бараа единствениот начин да создадат квалитетен производ без да потрошат стотици или пак илјадници долари за да го изработат.

    „Ние одлучивме дека е време на пазарот да понудиме ниско буџетна алтернатива на луксузните часовници и затоа го лансиравме брендот МВМТ“, потенцира Касан.

    Тие го направија токму тоа! Се откажаа од факултетот, останаа без диплома и успешно го лансираа брендот како втор најфинансиран моден бренд на Indiegogo во 2013-та, со што за краток период креираа како што тие го нарекуваат „движење“ на МВМТ часовници.

    Оваа марка на часовници е базирана на идејата дека стилскиот часовник може да си го дозволи и просечниот купувач со што ги крши сите табуа на луксузните брендови. Набрзо после лансирањето на брендот МВМТ, тој стана еден од најдобро финансираните модни стартапи во историјата а и денес е еден од најбрзо растечките брендови на часовници за мажи и жени.

    За само краток период компанијата успеа да продаде над милион часовници од овој бренд во повеќе од 160 држави во светот.

    Со користењето на квалитетни материјали при нивната изработка како нерѓосувачки челик, квалитетна кожа и минерални кристали, на рацете ќе носите квалитетен часовник кој истовремено ја задржува и ниската цена на продажба, па можете да си дозволите и МВМТ часовник за секоја пригода од денот, или ноќта. Да не заборавиме дека не се работи само за часовник, туку и за моден детал.

    Никогаш не е доцна да го нарачате вашиот омилен МВМТ часовник.

     

    Само на Купер, празнична понуда на пакет МВМТ часовници за Него и за Неа. Дознајте повеќе на овој линк.

     

    Помош при купувањето: 071 581 521 📞

    Оставете коментар