Категории
    Filters
    Јазик
    Пребарување

    Зошто е whey протеинот толку популарен?

    Протеинот е составен дел на исхраната. Можете да го најдете во рибата, во говедското и пилешкото месо. Млечните производи, јајцата, сирењето, сојата и зеленчукот исто така содржат солидни количини на протеин. Меѓутоа, ниту еден од тие извори не може да се спореди со квалитетот и лесната конзумација на whey протеинот.

    Whey протеинот има најголема биолошка искористливост и обезбедува голем број на аминокиселини со разгранет ланец што резултира со изградба на ново и одржување на веќе постигнатото мускулно ткиво.

    Направени се многу истражувања на прашањето за употребата на различните врсти на протеини. Предностите на whey протеинот се неоспорни, а тоа го покажуваат и следните тврдења.

    Откриено е дека whey протеинот содржи совршена комбинација од вкупните аминокиселини во концентрација која оптимално ги задоволува одвивањата на телесните процеси. Суплементарната употреба на whey исто така ги подобрува клетките како и хормоналните промени во телото.

    Одвишно е да ги споменуваме неговите благотворни дејствувања на имуниот систем во однос на документираните податоци од голем број научни истражувања.

    Whey протеинот исто така игра важна антиоксидативна улога подобрувајќи го имуниот систем и најважното од сѐ кога се работи за фитнес ентузијастите и професионалците, континуираната употреба на whey протеинот во комбинација со правилно вежбање резултира со конзистентно градење на мускулно ткиво.

    Whey протеинот во улога на топење масти

    Оние кои сакаат да се ослободат од вишокот масни наслаги, можат многу да добијат со користење на whey протеинот.  Соодветна количина од овој протеин  ќе помогне да се избалансираат одредени шеќери во крвта со што ќе ја спречат неговата флуктуација.

    Кога шеќерот во крвта ќе се стабилизира, тогаш личноста не е наклонета кон  прекумерно јадење, има повеќе енергија, забрзано ги губи масните наслаги и ефикасно ја контролира својата исхрана, односно диета.

    Повеќето луѓе кои сакаат да направат одредена преобразба на својата фигура, мораат да земаат whey протеин, како и други видови на протеини, како составен дел од исхраната.

    Whey протеинот во процесот на опоравување

    Консумацијата од протеински суплементи може да помогне во совладувањето на последиците од претренираност.

    Внесот на протеин (1.7 гр на килограм телесна тежина) резултира со намалување на последиците од претренираност. Ова точно го покажува истражувањето спроведено од Ball State University на 17 момци, секако, вежбачи со тежини. Во рок од 4 недели “програма на претренираност” правеле од 8 до 12 повторувања во три серии, 8 вежби првите две недели, со по 5 серии, 5 вежби со 3 до 5 повторувања следните две недели.

    На едната група од испитаниците им биле дадени аминокиселини, а на другата група плацебо (неактивни таблети). И двете групи земале суплементи по 1.7 гр на кг телесна тежина во 4-неделното испитување. Кај тие на кои им биле дадени аминокиселини, измерени се позитивни промени во вкупниот тестостерон, нивото на тестостеронот и на протеините кои го транспортираат, и хемоглобинот во споредба со оние кои земале плацебо суплементи.

    Ова истражување докажува дека консумацијата на адекватна количина на протеин е главен фактор во остварувањето на вашите цели. Затоа трудете се редовно да внесувате протеин (околу 2 грама на килограм телесна тежина).

    ПОГЛЕДНИ ЈА ПОНУДАТА НА ПРОТЕИНИ

    Оставете коментар