Куче или пес

Галерија Хотел за миленици Купер 13

Куче или пес

Куче или пес (Canis lupus familiaris)е припитомен подвид на сивиот волк, кучињата се цицачи од редот на Carnivora (ѕверови односно месојади).

Кучето е припитомено од човекот и служи како негово милениче. Кучињата се доста интелигентни и освен што служат за домашно милениче тие служат и како чувари на домот и семејството од кое е одгледувано и сл. Според најновите истражувања се смета дека низ цел свет има околу 400 милиони кучиња.

Кучето се разввило во стотици различни раси. Мерено од гребенот на кучињата се има заклучено дека има кучиња од неколку инчи како на пример Чивавата па сè до кучиња со неколку стапки како Ирскиот Волчар. Бојата варира најчесто од бела до сива па сè до црна и од кафена до жолто-кафена (темна и светла). И крзното може да им биде доста кратко или пак доста долго, влакната може да им бидат од виткани до прави и мазни па сè до густи и рапави.

Физички одлики
Поврзано: Здравје на кучињата

Денешните кучешки раси покажуваат повеќе варијанти на големина, изглед и однесување повеќе од кое било друго домашно животно. Иако се далеку од нив, кучињата имаат малку сличности со своите предци, волците. Кучињата покрај сѐ се грабливци, што значи имаат остри заби и цврсти вилици за напаѓање, гризање и кинење на својата храна. Иако со текот на времето како што расите на кучињата сè повеќе се разликуваат сепак сите тие ги имаат истите основни одлики на нивните предци, сивите волци. Тие имаат и цврсти мускули, добри коски, циркулаторен систем кој ги поднесува и трчањето и жилавоста и заби за гризање и кинење.

Како повеќето цицачи, кучињата се дихромати и имаат црвено-зелен вид.[5][6][7] Различни видови на кучиња имаат различни облици и димензии на очите и исто така имаат и различни видови на мрежници на окото.[8] Кучињата со долги носа имаат таканаречени видни линии кои поминуваат низ мрежницата на окото што им дава доста широко видно поле од каде имаат одлична визија, додека тие со пократки носа имаат таканаречени „area centralis“, централни делчиња кои имаат трипати подлабоки нервни завршетоци како тие на видните линии, што има дава подетален вид доста сличен на тој на човекот.

Некои раси, највеќе ’ртовите (загарите), имаат видно поле до 270° (споредувајќи го со видното поле оф 180° како што е на човекот), а всушност некои раси поточно тие со пократки носа имаа помало видно поле, скоро 180°.

Закажи сега