Прва Помош

Галерија Хотел за миленици Купер 4

Прва Помош

Прва Помош при гризнување од куче.
Иако вообичаено гризнувањето на куче не е фатално по вашето здравје сепак потребно е да се пружи прва помош на
секоја рана што е можно побрзо со цел да не се дозволи да дојде до инфекција.
Како да спречите инфекција?

При мала рана, гребнатинки кои не крварат измијте го гризнатото место со благ сапун и вода а потоа пребришете ја раната со чиста сува крпа.
Доколку раната крвари претиснете ја раната со завој или чиста крпа. Откако ќе престане крварењето раната премачкајте ја со антибиотска маст и преврзете ја со чист завој.
Кога да се консултирате со доктор?
Доколку имате рана на вашето лице, нога или рака доколку раната зафаќа голема површина.
Докторот ќе провери дали при гризнувањето дошло до оштетување на некој нерв, тетива или коска.
Доколку се сомневате дека сте се здобиле со повреда на некој нерв, голем крвен сад, тетива или се сомневате дека имате скршена коска или било која друга сериозна повреда.
Доколку раната покажува знаци на инфекција (црвенило, појава на гнојни подрачја, оток) или доколку по гризнувањето се појави треска.

Закажи сега